СДСМ: Зошто Мицкоски не го праша Петков тоа што нарачуваше да го прашаат новинарите?

1 min read

Социјалдемократскиот сојуз со соопштение реагира на изјавите по средбата меѓу бугарскиот премиер Кирил Петков и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

„Исплива на површина уште едно лицемерие на Христијан Мицкоски. Откако вчера се силеше, јавно повикуваше новинари да му постават прашања на Петков, вечерва од Мицкоски молк. Зошто Мицкоски не ги поставил прашањата кои вчера ги нарачуваше од новинарите? Неодговорно е едно да се зборува пред камери а друго на средби. Ова не му е прв пат на Мицкоски, истото се случи и на средбата со поранешниот премиер на соседна Бугарија, Бојко Борисов. Мицкоски уште еднаш покажа дека е политичар без став за важните државни и национални теми“, велат од СДСМ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО предупредува: Преминот на Ковид во ендемска форма не значи дека не е опасен

Следно

ВИДЕО: Сензација во Германија, Дортмунд елиминиран од германскиот Куп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian