Рот упати јасна порака: Бугарија да го признае македонското малцинство

1 min read

Поранешниот германски министер, сега пратеник во германскиот парламент Михаел Рот на својот Твитер профил ја поздрави средбата на премиерите Ковачевски и Петков и побара признавање на македонското малцинство во Бугарија.

-Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, напиша Рот на Твитер.

Рот во владата на канцеларката Ангела Меркел беше министер за Европа и важи за голем поддржувач на Македонија и нејзинината евроинтеграција.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија демантира дека ги евакуирала своите дипломати од Украина

Следно

Работнички со пресврт до победа во контролниот меч со Македонија ЃП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian