Родригез: Најразумно би било Ѓоковиќ да се вакцининира

1 min read

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ треба да се вакцинира против коронавирусот, доколку сака да се натпреварува во Шпанија, изјави денеска портпаролката на тамошната Влада, Изабел Родригез, пренесува „Ројтерс“.

– Она што треба да го направи господинот Ѓоковиќ е да се вакцинира, тоа би било најразумно – рече Родригез на прес-конференцијата на прашањето дали на првиот тенисер во светот ќе му биде дозволено да се натпреварува во Шпанија по депортацијата од Австралија бидејќи не е вакциниран.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека српскиот тенисер ќе мора да се придржува до здравствените правила во Шпанија за да може да се натпреварува во таа земја.

Ѓоковиќ редовно патува во Шпанија, каде има куќа во Марбеља, каде што помина неколку дена кон крајот на декември и почетокот на јануари.

Во меѓувреме се објавија и информации на следниот грен слем турнир „Ролан Гарос“ во Париз право на настап ќе имаат само вакцинираните тенисери и тенисерки.

Австралискиот премиер не ја затвора вратата за Ѓоковиќ: Постои можност Новак да се врати

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уставниот суд ја одржа првата седница во минимален состав од петмина судии

Следно

ФОТО | Последна фотографија на Бети Вајт пред смртта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian