Работнички со пресврт до победа во контролниот меч со Македонија ЃП

1 min read

Денеска екипата на Работнички триумфираше над Македонија ЃП со резултат 2:1 на првиот пријателски натпревар на зимските подготовки.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров дојдоа први во водство со голот на Мишевски во деветтата минута од средбата.

„Романтичарите“ направија целосен пресврт, најпрвин израмни Алими во 24 минута, а конечниот епилог го постави Аломеровиќ во 90 минута.

Работнички ја темпира формата за вториот дел од сезоната, а од клубот најавија дека за два дена заминува во турската Анталија каде што ќе ги продолжи подготовките.

Оваа зима тимот од Градски парк како нови засилувања ги промовираше Арбин Зејнулаи, Анес Рушевиќ и Арменд Алими, а Лука Станковски се пресели во турскиот состав на Газиантеп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рот упати јасна порака: Бугарија да го признае македонското малцинство

Следно

Скандал во Словенија: Наместо со Фајзер пациентите вакцинирани со физиолошки раствор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian