Прстот е вперен: Поранешната сопруга на Џони Деп му го растури бракот на Џејсон Момоа?

2 mins read

Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, наводно ја уништила долгогодишната врска и бракот на Џејсон Момоа и Лиза Бонет, пренесуваат странските медиуми.

Момоа и Бонет пред неколку дена објавија дека се разделуваат по цели 17 години, а сега на социјалните мрежи кружат гласини дека наводно, причина за нивната разделба е 35-годишната актерка Амбер Херд и дека со Момоа се зближиле за време на снимањето на „Аквамен“.

Џејсон Момоа и Лиза Бонет се разделуваат: Актерската двојка ја споделија веста на поетичен начин

Иако се чини дека никој друг не бил вклучен во разводот, туку станува збор за заедничка одлука на Момоа и Бонет, тоа не ги спречи фановите да го вперат прстот кон Амбер искажувајќи го своето незадоволство преку социјалните мрежи.

„Што направи Амбер Херд сега“, „Го уништи и бракот со Деп“, „Се зближија за време на снимањето на филмот“, „Прашањето е што следно ќе уништи“, се дел од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Други пак тврдат дека на Лиза не ѝ се допаѓало тоа што Момоа не сакал да застане во одбрана на нејзиниот пријател Деп.

„Мислам дека тоа е затоа што тој никогаш не застана во одбрана на пријателот на Лиза, Џони Деп и ѝ дозволи на Амбер да влезе во нивните животи. Пријателството со Амбер Херд има свои последици. Лиза дури рече дека не е среќна што тој соработува“, напиша еден од обожавателите.

Засега овие гласини не се потврдени, туку негирани од страна на Амбер, Џејсон или Лиза.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Албанија 2832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата

Следно

Средба Блинкен – Лавров в петок во Женева

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian