Меркел и во пензија е најпопуларна меѓу Германците

1 min read

Се зголемува популарноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, иако таа веќе некое време не е во политиката, ниту на чело на владата.

Според најновата анкета на ИНСА, спроведена за весникот „Билд”, Меркел не само што се наоѓа на прво место како најомилена германска политичарка, туку нејзината предност е зголемена во последниот месец и покрај тоа што се повлече од политиката.

Поранешната канцеларка сега има поддршка од 59,3 отсто од граѓаните на Германија, што е за три процентни поени повеќе во однос на резултатите од анкетата спроведена на 29 ноември минатата година.

На второ место на најпопуларни германски политичари е министерот за здравство Карл Лаутербах, додека на третото место се наоѓа актуелниот канцелар Олаф Шолц со 51 процент поддршка на испитаниците

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Виц на денот: Љубовна облека

Следно

ИЈЗ: Од вкупно 11.123 нови позитивни на Ковид-19, околу 60 отсто се Омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian