Македонија го освои 22 место на Европското првенство

1 min read

Најдобрата македонска репрезентација го заврши Европското првенство со три порази, во групата „А“ во унгарскиот град Дебрецин загуби од Словенија, Црна Гора и Данска.

За првпат во нашата историја го завршуваме учеството на континенталните собири со три максимални порази и го освојува 22 место, зад нас се само селекциите на Босна и Херцеговина и Украина.

Ова е најслаб пласман на Македонија доколку се земе предвид фактот дека ова е второ Европско првенство по ред на кое учествуваат 24 селекции. Потсетување дека на нашето прво ЕП бевме последнопласирани на 12 позиција, но тогаш учествуваа само 12 репрезентации.

Во 2012 година го имавме најдобриот пласман, петто место, во 2014 година завршивме на 10 позиција, во 2016 и 2018 година го освојувавме 11 место, а пред две години дојдовме до 15 позиција.

Конечен пласман на ЕП 2022 од 13 до 24 место:


13. Чешка
14. Србија
15. Унгарија
16. Австрија
17. Словенија
18. Словачка
19. Португалија
20. Белорусија
21. Литванија
22. Македонија
23. Босна и Херцеговина
24. Украина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откриена мистериозна тајна за колумбискиот писател: Габриел Гарсија Маркез имал тајна мексичка ќерка

Следно

Ако немате идеја што да приготвите за ручек: Направете супервкусна мусака од остатоци од храна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian