И Мицкоски го прими Петков: Наместо блокади, ни требаат мостови

1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, која се одржа во седиштето на партијата, се задржал на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со односите на двете земји.

-Она што беше посочено е потребата за градење доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Средба Блинкен – Лавров в петок во Женева

Следно

Изненадување на ЕП, домаќинот Унгарија не се пласираше во главната фаза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian