Во Германија расте притисокот врз оние кои не се вакцинирани. За невакцинираните, , влезот во угостителските објекти стана речиси невозможен. Затоа и не е чудно што е зголемен бројот на фалсификувани пропусници за ковид.
Нагло се зголемува зголемувањето на бројот на откриени фалсификувани пропусници за ковид. Министерствата за внатрешни работи на германските провинции проценуваат дека бројот на откриени фалсификувани пропусници за ковид е повеќе од 20.000. На ова треба да се додаде и бројот на сеуште неоткриени случаи. Сепак, полицијата во провинцијата Берлин проценува дека е невозможно да се направи сериозна проценка на реалниот број на фалсификувани пропусници кои се во оптек.

Бундестагот уште во ноември, под притисок на покраинските министри за правда, усвои законска измена со која фалсификувањето на пропусниците за Ковид се третира на ист начин како и фалсификувањето на кој било друг здравствен документ, пишува Дојче веле.
Пред неколку дена полицијата изврши претрес на повеќе од сто станови во неколку германски провинции. Акцијата била поврзана со случајот на лекар во Баварија кој издавал вакцинален ковид картон на пациенти без тие претходно да бидат вакцинирани.
Измамите најмногу можат да се откријат во аптеките каде граѓаните можат да ги дигитализираат своите потврди за вакцинација на хартија за да ги користат во мобилните телефони.

„Аптеките секојдневно откриваат фалсификувани пропусници за ковид кога се обидуваат да ги дигитализираат“, соопшти канцеларијата за борба против криминалот на покраината Баден-Виртемберг. Фалсификуваните ковид пропусници се пријавуваат и од работодавачите чии вработени не се вакцинирани.
Според берлинската полиција, лажните пропусници за ковид и книшките за вакцинација се нудат преку комуникациски платформи како „Телеграм“, па дури и преку веб-страници за продажба, како што е И-беј. Цените се движат од 50 до 350 евра, а дигиталните пропусници се поскапи од оние на хартија.

Според последните мерки, кои се во сила во повеќето провинции од 15 јануари, посета на угостителски објекти е дозволена само на лица кои се вакцинирани или имаат доказ за прележан ковид , со дополнителен негативен тест или потврда за дополнителна трета доза вакцина.
Влез во културни и спортски објекти, како и во малопродажба – освен ако не е продавница за дневни прехрамбени потреби – е дозволен само за оние кои биле вакцинирани или ја прележале короната .
Оние кои не се вакцинирани, но со не постар негативен тест за ковид , смеат да одат на работа или да користат јавен превоз.