ФОТО+ВИДЕО | Бербок: Германија е подготвена да разговара за заедничките безбедносни прашања со Русија

3 mins read

Германија е подготвена да разговара со Русија за прашањата за зајакнување на заедничката безбедност, изјави министерката за надворешни работи Аналена Бербок на прес-конференцијата во Москва по нејзината средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Русија побара безбедносни гаранции, а за време на разговорите уште еднаш беше истакнато дека сме подготвени да водиме сериозен дијалог за меѓусебните договори и чекори кои ќе ја зајакнат нашата заедничка европска безбедност, рече Бербок.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Таа позитивно ги оцени минатонеделните разговори во рамките на Советот НАТО – Русија и ОБСЕ, кои „станаа првиот корисен чекор кон дијалогот“.

Според Бербок, Берлин и Москва се разликуваат по многу прашања, но Германија е заинтересирана за развој на стабилни односи со Русија.

Германија е убедена во потребата да се „оживее“ нормандискиот формат за да се постигне напредок во спроведувањето на договорите од Минск и во решавањето на конфликтот во Украина, нагласи шефицата на германската дипломатија.

– Сега е важно повторно да го спроведеме со конкретна содржина нормандискиот процес, за да се придвижи прашањето за имплементација на договорите од Минск. Ова ќе придонесе за зајакнување на безбедноста на Европа. Добро е што сите земји од нормандискиот формат и договорите од Минск ја искажаа својата посветеност на нив, рече Бербок, додавајќи дека е подготвена да направи сè што е можно за да продолжат разговорите што е можно поскоро.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Германија изрази интерес за соработка со Русија за обновливите извори на енергија и за надминување на климатската криза.

– Ние сме исклучително заинтересирани да учествуваме во реализацијата на потенцијалот на Русија во областа на обновливите извори на енергија, да соработуваме со пренасочување на нашите економии на одржлив пат. Затоа што без најголемата светска економија, нема да можеме да ја надминеме климатската криза, рече Бербок.

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

На Германија ѝ е потребна сигурна Русија за да ја обезбедува Европа со гас што ќе и треба уште неколку години.

Бербок истакна дека Русија има голем потенцијал во областа на зелениот водород. Германија има потреба од Русија да работи на надминување на климатската криза, како и да работи на енергетската безбедност.

Германската министерка за надворешни работи предупреди дека енергијата не треба да се користи како оружје. Во спротивно, тоа ќе има последици, вклучително и за проектот Северен тек-2.

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Во коалицискиот договор на новата влада стои дека сите инфраструктурни проекти, вклучително и Северен тек 2, подлежат на европското енергетско законодавство. Затоа во моментов во тек е процедурата за сертификација на гасоводот, која засега е прекината.

– Нашата Влада нагласи дека ако енергијата се користи како оружје, тоа ќе има соодветни последици, вклучително и за овој гасовод, рече Бербок за време на посетата на Москва.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Последна фотографија на Бети Вајт пред смртта

Следно

Општините бараат Владата да ги поддржи за да ја пребродат кризата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian