ЕМА: Вакцините се безбедни за бремени жени и бебиња

1 min read

Резултатите од студијата во која беа опфатени 65.000 трудници во различни фази од бременоста покажаа дека вакцината против коронавирусот не предизвикува компликации за идните мајки и нивните бебиња, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европската агенција за лекови во соопштението наведе дека студијата спроведена од нејзината работна група за Ковид-19, исто така, покажала дека вакцините против коронавирус се подеднакво ефикасни во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај бремените жени, како и кај другите лица.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Ели руши бариери: Прва „Вог“ моделка со Даунов синдром, инспирација за сите

Следно

Русија може да ја нападне Украина во секој момент, изјави портпаролката на Белата куќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian