Абрамович за 130 милиони евра купува тројца играчи на Барса!?

1 min read

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович повторно се очекува да биде активен на фудбалскиот трансфер пазар.

Свесен и Абрамович дека Барса не е во најдобра финансиска ситуација и е „принудена“ да ги продава своите играчи. Газдата на лондонските „сини“ посакува да ангажира тројца играчи од редовите на каталонскиот клуб.

Првото име на листата желби, а секако по барање на менаџерот Томас Тухел, се наоѓа Френки Де Јонг. Ситуацијата со холандскиот фудбалер од средниот ред се промени оваа сезона и неговите партии се далеку од минатогодишните. „Ел Насионал“ тврди дека од „Стемфорд Бриџ“ се подготвени да понудат 60 милиони евра за играчот.

Втора желба е талентираниот Гави, кој има откупна клаузула од 50 милиони евра и која Челси е подготвен да ја плати.

Овој 17-годишен играч од средниот ред има договор со Барса до лето 2023 година, а Челси може да му понуди многу поголема плата од онаа која ја има моментно на „Камп Ноу“. Но, за неговите услуги покажуваат и други врвни клубови како Баерн, Манчестер сити и Ливерпул.

Абрамович сака да го ангажира и дефанзивецот Сержињо Дест кој не се вклопи во плановите на Чави, иако беше неприкосновен во првите 11 кога тренер беше Ронад Куман. Барса за возврат бара 20 милиони евра, што е за еден милион помалку во однос на парите кои се потрошени за неговото доаѓање во 2020 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов црн рекорд: 2.269 нови случаи на ковид-19, починале 13 пациенти

Следно

Во Албанија 2832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian