Зејн ја изневерувал Џиџи со актерка за време на врската?

2 mins read

Пејачот Зејн Малик (29) и моделот Џиџи Хадид (26) се разделија во октомври 2021 година, а сега во јавноста се појави наводната афера на Зејн за време на врската со Џиџи, во која ја добија ќерката Каи.

Малик наводно ја изневерувал Џиџи со актерката Абигејл Кларк, која го оставила музичарот кога случајно видела порака од Џиџи на неговиот телефон: „Ми недостигаш“, пренесе „DailyMail“. Аби и кажала на својата пријателка за нивната врска.

„Моето искуство со него беше како „Педесет нијанси сиво“. Го нарекував мојот „Господин Греј“. Заедно си поминавме одлично – и кажала Аби на својата пријателка, откако Зејн и кажал дека таа е негов тип бидејќи сака девојки со облини и голема позадина.

Тие наводно се сретнале во еден бар во Лос Анџелес, а како што се наведува, тогаш Зејн ја поканил на неговата маса. Актерката изјавила дека и се пожалил дека во Лос Анџелес има многу слаби девојки.

– Рече дека му се допаѓа мојата фигура, имаше тактика, носеше црна јакна и пиеше алкохол… Беше целиот врз мене, ме бакнуваше – ѝ кажала Аби на својата пријателка, како и тоа што Зејн постојано и кажувал дека го потсетува на неговата поранешна свршеница Пери Едвардс (28), која ја остави преку СМС порака во 2015 година.

Парот потоа наводно разменил телефонски броеви, па отишле во неговата куќа во Лондон. Аби ѝ открила дека Зејн се отворил за периодот кој го поминал во групата „One Direction“, па дури и за раскинувањето со Пери, откривајќи и дека е вознемирен за тоа како завршила таа врска.

Аби верувала дека има „иднина“ со Малик откако тој ѝ ја посветил својата најнова песна во тоа време „Dusk till Dawn“, а тој наводно и сугерирал дека таа може да биде во спотот.

Но, романсата заврши во еден миг, откако Аби случајно видела порака од Џиџи на телефон.

– Бев во шок. Тоа ме натера да се чувствувам навистина повредено. Бев многу тивка. Тој јасно стави до знаење дека е сам. Беше толку внимателен кон мене што мислев дека е вистина – ѝ се доверила Аби на својата пријателка.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Рецепт: Чизкејк со боровинки

Следно

Се отстранува депонијата кај железничкиот мост на Вардар во Гази Баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian