Во Грција казната е 50 евра за невакцинирани над 60 години и 100 евра за секој нареден месец

1 min read

Од денеска во Грција стапи на сила казната за невакцинираните граѓани постари од 60 години, а секој нареден месец ќе плаќаат по 100 евра доколку во меѓувреме не ја примат вакцината.

Околу две третини од 10,7 милиони луѓе во Грција во моментов се целосно вакцинирани, што е над просекот на ЕУ од нешто повеќе од 70 проценти.

Стапката на смртност и дневна хоспитализација се зголемени поради ширењето на сојот омикрон, додека притисокот врз одделенијата за интензивна нега благо се намалува .

Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека казните ќе бидат наплатени преку даночната администрација, а парите ќе бидат искористени за финансирање на државните болници.

„Факторот возраст е важен поради влијанието врз јавното здравје“, изјави Плеврис .

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Минатата година беше воведена задолжителна вакцинација на здравствените работници, а на крајот на декември и за оние над 60 години.

Од 1 февруари потврдите за вакцинација за возрасни ќе важат седум месеци, освен ако сопственикот не прими дополнителна вакцина.

EPA-EFE/LOUISA GOULIAMAKI / POOL

Според владините податоци, околу 41,5 отсто од 530.000 лица постари од 60 години се целосно вакцинирани.

Грција е седма  земја во светот по старост на популацијата , мерено според уделот на населението над 65 годишна возраст, покажуваат податоците на Референтното биро за население со седиште во САД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Олимписка медалистка од САД, поради „ковид-измама“ се соочува со 40 години затвор

Следно

Маша од Скопје преку Валенсија го освојува светскиот музички пазар: Слушнете ја „Voices“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian