ВИДЕО | Вистински мажи, препознатливи ликови: Актерите Кајл МекЛахлан и Џеф Голдблум со дебитантски чекор на модната писта кај Прада

3 mins read

Машката мода го има својот силен и изричит момент на пистите во Милано овие денови, и иако модните ревии во живо можат на прсти да се избројат, тие сепак многу силно успеваат да ја оживеат пренесената порака.

Ревијата на Прада за сезоната есен-зима 2022/23 беше една од оние кои суптилно го одземаат здивот, со неверојатната појава и чекорење на актерите Кајл МекЛахлан за отворање, и Џеф Голдблум за затворање на ревијата.

62-годишниот МакЛахлан, попознат како Треј МекДугал од „Сексот и градот“ и Орсон Хоџ од „Очајни домаќинки“, упадна на пистата на Прада во Милано за време на викендот, дебитирајќи со својот чекор на моден терен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kyle MacLachlan (@kyle_maclachlan)

Актерот со својот стилски издржан од се покажа како тотален професионалец, износувајќи одлична фигура во долг црн капут, надополнет со светло сини сатенски панталони и ролка под него, спарени со соодветни ракавици.

„Ти благодарам #RafSimons! Каква чест е да се отвори шоуто за машка облека @prada#FW22 за #MilanoFashionWeek!“, напиша МекЛахлан на социјалните мрежи.

Ревијата содржеше низа препознатливи ликови, меѓу кои и младите актерски имиња во подем како ѕвездата на „Sex Education“, 24-годишниот Аса Батерфилд, и актерот од „Love Actually“, 31-годишниот Томас Броди-Сангстер, како дел од новата армија на Прада мажи.

И не помалку впечатливо беше затворањето на ревијата, со автентичниот и неспецифичен манекенски од на 69-годишниот Џеф Голдблум, кој извонредно ја пренесе енергијата на стабилно карактерниот Прада маж на новата сезона.

Голдблум износе формирана фигура во целосно црн аутфит, надополнета со карактеристичните крзнени детали на надлактицата и долниот раб на долгиот капут, ролка, чевли и црни панталони.

Додека четворицата славни мажи носеа монохроматски изгледи, другите модели провлекоа и светли бои, со некои од нивните „костуми“ со розови кожени јакни и портокалови панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada)

Дизајнерите Миуча Прада и Раф Симонс објаснија во прес белешките за ревијата дека „размислуваат за значајни модни парчиња што имаат смисла“.

„Облеката што прави луѓето да се чувствуваат важни, и затоа, сама по себе, е важна, не е нешто што треба да се отфрли“, продолжија тие.

Меклахлан и Голдблум, кои соодветно го отворија и затворија шоуто на пистата, беа избрани од дизајнерите да претставуваат „вистински мажи, препознаени ликови“ кои ја подобруваат реалноста, кое беше дополнително подржано и со дел од зрелите модели избрани да чекорат покрај нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prada (@prada)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милановиќ: Додик и Република Српска се наши партнери

Следно

Пијан Хрват направил хаос во Виена: Се удрил во колона возила па ја нападнал полицијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian