ВИДЕО | Се враќа Саут Парк: Познато е кога започнува нова сезона на легендарната анимирана серија

1 min read

Саут Парк се врати! Омилената цртана серија на „Comedy Central“ ќе се врати со неделни епизоди во 2022 година за прв пат по прекинот во 2019 година, кога продукцијата на шоуто беше ставена под знак прашалник заради појавената пандемија.

Неделните епизоди ќе започнат на 2 февруари, а 25-та сезона ќе се состои од шест епизоди.

Последната целосна сезона на South Park се емитуваше кон крајот на 2019 година, по што следеше „The Pandemic Special“, која беше премиерно прикажана во септември 2020 година, и минатогодишната „South ParQ Vaccination Special“, која беше премиерно прикажана на 10 март 2021 година.

„Во изминатите 25 години, повеќе генерации обожаватели израснаа маѓепсани од неверојатно смешниот и субверзивен свет што Мет и Треј го создадоа со „South Park““, рече Крис Мекарти, претседател и извршен директор на „ViacomCBS Media Networks и MTV Entertainment Studios“.

Креаторите на серијата потпишаа договор минатата година, кој трае до 2027 година, за 14 ексклузивни проекти за „Paramount+“, како и за Саут Парк кој беше обновен до 30-та сезона.

„Како дел од нашиот обемен нов договор, воодушевени сме што ќе го продолжиме нашето партнерство со нив уште многу сезони на „South Park“ на „Comedy Central“ и многу други ексклузивни настани во „South Park“ направени за стриминг на „Paramount+“.

Саут Парк беше лансиран на „Comedy Central“ на 13 август 1997 година.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Српското МВР демантира: Пасошот на пријателката на Матеј не е одземен

Следно

ЕУ ја повика Москва да го ослободи Навални

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian