Јута џез славеше убедлив триумф над Денвер од 125:102 и покрај одличната партија на Никола Јокиќ кој оствари нов трипл-дабл.
Центарот имаше учинок од 25 поени, 15 скокови и 14 асистенции и како и на претходниот натпревар против ЛА Лејкерс, за ова постигнување му беа потребни три четвртини.
Сепак, Јута во овие моменти е пресилна за Денвер кој има големи проблеми со повредени играчи. Руди Гобер имаше дабл-дабл од 18 поени и 18 скокови, Донован Мичел уфрли 31 поен, а Бојан Богдановиќ даде 21 поен. Јута ги доби сите три меѓусебни натпревари сезонава.
Ослабениот Голден Стејт вориорс доживеа пораз од 119:99 од Минесота тимбервулфс за која блескаше Карл-Ентони Таунс со 26 поени и 11 скокови.
Кај Голден Стејт кој играше без Стеф Кари и Дрејмонд Грин, се истакна Пул со 20 поени.
Хјустон рокетс благодарение на Вуд и Портер кои постигнаа по 23 поени, со 118:112 го совладаа Сакраменто кингс.