ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, но не се појави пред медиумите

1 min read

Новак Ѓоковиќ денеска пристигна во Белград откако вчера мораше да ја напушти Австралија.
Српскиот тенисер вчера беше депортиран од Мелбурн откако австралиските власти му ја укинаа визата бидејќи не е вакциниран.
Иако Ѓоковиќ доби медицинско изземање од вакцинација, што првично беше доволно за настап на Австралија Опен, владата, односно министерот за имигреација, Алекс Хок, му ја укина визата.

Целиот случај се префрли во сојузниот суд по жалбата на адвокатскиот тим на Ѓоковиќ, но Судот ја потврди одлуката на министерот Хок и му ја поништи визата.

Ѓоковиќ ја напушти Австралија и замина за Дубаи, а денеска пристигна на аеродромот Никола Тесла во Белград каде беше пречекан од фановите, но не се појави пред медиумите туку веднаш го напушти аеродромот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Божиновска: Најновиот напад на ХЕРА ја покажува неказнивоста на говорот на омраза

Следно

ФОТО | Зои Блаж искрено за проблемите со своето лице: Девојки, редовно проверувајте си го здравјето!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian