Студија: Четвртата доза од вакцината го зголемува бројот на антитела

1 min read

Четвртата доза од вакцината против коронавирус го зголемува бројот на антитела на уште повисоко ниво од третата доза, но веројатно не е доволна за спречување на инфекции со омикрон, покажуваат прелиминарните резултати од студија во Израел.

„Вакцините доведоа до зголемување на бројот на антитела дури и малку поголем отколку што имавме по третата доза“, рече Регев-Јокај, директор на Одделот за епидемиологија на заразни болести во медицинскиот центар Шеба, додавајќи дека резултатите се прелиминарни и сè уште не се објавени, пренесува Ројтерс.

Истовремено, израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека ќе го скрати задолжителниот период на изолација за оние кои биле позитивни на коронавирус на пет од седум дена, под услов да се работи за асимптоматски случаи.

До минатата недела периодот на изолација беше 10 дена.

Неопходен е и негативен антигенски тест пред крајот на изолацијата, соопшти тамошното Министерство.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Решена мистеријата од Втората светска војна: Откриено е кој ја предал Ана Франк!

Следно

Двајца мртви по експлозија на бензинска пумпа во Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian