Се отстранува депонијата кај железничкиот мост на Вардар во Гази Баба

1 min read

Град Скопје започна со чистење на депонијата кај железничкиот мост на реката Вардар во општина Гази Баба. На оваа депонија секојдневно се исфрла комунален отпад и градежен шут кој придонесува кон загадување на почвата, подземните води и воздухот, но пред се го загрозува здравјето на жителите од оваа општина.

Градот во соработка со јавните претпријатија интензивно ќе работи на целосно чистење на оваа дива депонија, која зафаќа површина од над 13.000 метри квадратни, велат надлежните од Град Скопје. 

Целосно е исчистена и депонијата во населба Лисиче на ул. Ѓорѓи Крапчев на површина од околу 18.000 метри квадратни, со исчистена и транспортирана голема количина на комунален отпад, смет и градежен шут.

Градот Скопје продолжува со интензивно чистење на дивите депонии кои се мапирани на територијата на Скопје, а екипите на јавните претпријатија работат во две смени со цел побрзо и поефективно чистење и санирање на истите. Дополнително, Градот воведе засилен инспекциски надзор и неселективно ќе бидат изрекувани големи казни за сите кои не го почитуваат законот, а со тоа и ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, потсетуваат од Град Скопје. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Зејн ја изневерувал Џиџи со актерка за време на врската?

Следно

ВИДЕО | Стојмановски: Ѓоковиќ има балкански табиет, да не беше така немаше да биде тенисер број еден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian