Рецепт: Чизкејк со боровинки

1 min read

Состојки:

– џем од боровинки
– 350 гр бисквити
– 60 мл + 3 лажици слатка павлака
– 200 гр бело чоколадо
– 200 гр путер
– 500 гр крем сир
– 200 гр павлака
– кора од 1 лимон
– 30 гр шеќер во прав
– 1 парче ванила
– 8 гр желатин
– свежи боровинки за декорација

Подготовка:

Исечкајте ги бисквитите и измелете ги во блендер, измешајте ги со путерот и додадете три лажици кисела павлака.

Земете подвижен прстен за торта од 24 см и ставете го на плех. Внатре ставете ацетатна хартија. Истурете го бисквитот во прстенот и добро притиснете на дното и на ѕидовите.

Желатинот се раствора во 50 ml ладна вода. Останатите 60 мл павлака заедно со белото чоколадо истурете ги во тенџере и растопете ги на рингла. Промешајте и оставете да се излади.

Измешајте ги шеќерот во прав, павлаката и крем сирењето и убаво измешајте. Во оваа смеса истурете ја чоколадната смеса.

Изматете 150 гр павлака и истурете во смесата за чизкејк од боровинки. Желатинот стопете го на пареа или во микробранова печка неколку секунди.

Додадете ја кората од еден лимон и една ванила.

Продолжете со составување чизкејк. Врз кората од бисквитите прелијте ја 1/3 од смесата со желатин, малку слатко боровинки, 1/3 крем, слатко и преостанатиот крем.

Чизкејкот без печење ставете го во фрижидер да се стегне. Штом е готов, извадете го од калапот и украсете го со свежи боровинки.

Пријатно!

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 17 јануари: Емоциите владеат со вас

Следно

Зејн ја изневерувал Џиџи со актерка за време на врската?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian