Проширувањето на НАТО беше грешка ? На Русија и требаат безбедносни гаранции

2 mins read

Поранешниот американски амбасадор во Германија Ричард Барт смета дека проширувањето на НАТО, под изговор за проширување на демократијата, било грешка и дека Русија треба да има одредени гаранции за својата безбедност.

Во интервју за италијанскиот медиум „Кориере дела сера“ тој наведува дека никогаш немало формално ветување дека НАТО нема да се прошири на исток, но немало намера да се прошири алијансата до нејзините сегашни димензии.

„Тогаш многумина почнаа да веруваат дека НАТО е проект за проширување на демократијата, а оние земји кои се приклучија на алијансата станаа демократски. Но, проширувањето сè уште е грешка“, рече Барт.

Според американскиот дипломат, кој сега е консултант за геополитички прашања, неодамнешните разговори меѓу претставниците на Москва и Вашингтон во Женева, Брисел и Виена биле успешни за руската дипломатија.

„Суштината е Украина. Дел од Западот разбира или почнува да разбира дека има структурен проблем во рамките на украинската криза. Јасно е дека САД и НАТО нема да распоредат сили на терен за да го одбранат Киев.

Затоа е апсолутно неопходно да се најде компромисна формула – Украина да не биде дел од НАТО“, вели Барт.

Тој смета дека ќе биде потребна малку креативност во овие преговори, за Русите да бидат безбедни по ова егзистенцијално прашање за нив.

Барт оценува дека може да се смисли „финска опција“ во однос на Москва. Меѓутоа, проблемот е што Хелсинки многу мудро ги менаџирал односите со Москва за време на „Студената војна“, а тоа не е случај со Украинците.

Американскиот дипломат наведува дека никој навистина не ги знае намерите на рускиот лидер Владимир Путин.

„Со мобилизирање на повеќе од 100.000 војници на украинската граница, Путин се обиде да го привлече вниманието на Западот, а особено на Американците, на неговиот став за безбедносните проблеми на Русија.

Да бидеме внимателни, ова е тема која е длабоко во неговото срце. „На конференцијата за безбедност во Минхен во 2007 година, рускиот претседател одржа многу остар говор против Западот – сето она што министерот за надворешни работи Сергеј Лавров или неговиот заменик Сергеј Рјабков го повторуваа последните денови е во тој говор“, рече Барт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјани подолго во денот ќе бидат стоплени – парното ќе биде пуштено и после полноќ

Следно

ВИДЕО | Божиновска: Најновиот напад на ХЕРА ја покажува неказнивоста на говорот на омраза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian