Пијан Хрват направил хаос во Виена: Се удрил во колона возила па ја нападнал полицијата

1 min read

Минатиот викенд маж предизвикал тешка сообраќајна несреќа во Виена.

Според списанието Феникс, 53-годишен маж во саботата удрил во колона возила.

Во судирот оштетени се четири возила, а полесно се повредени осум лица на возраст од 21 до 28 години.

Полицијата утврдила дека возачот со потекло од Хрватска бил под дејство на алкохол. Хрватот потоа агресивно ја нападнал полицијата.

Едно лице е уапсено, а двајца полицајци се повредени, од кои едниот не можел да продолжи со својата должност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Вистински мажи, препознатливи ликови: Актерите Кајл МекЛахлан и Џеф Голдблум со дебитантски чекор на модната писта кај Прада

Следно

Петков: Важно е Бугарите во С Македонија да бидат рамноправни со другите народи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian