Оригинален рецепт за трилече – дали знаете од каде потекнува името на овој колач?

2 mins read

За потеклото на овој колач, чие име во превод значи „три млека“, многумина и понатаму дебатираат, некои тврдат дека потекнува од Јужна Америка, други од Мексико, се споменуваат и Албанија и Турција…

Но, во едно сите се согласуваат – вкусот на овој деликатес е божествен.

Состојки:

– 6 јајца
– прстофат сол
– 160 гр шеќер
– 180 гр брашно
– 1 лажичка прашок за печиво

Фил:

– 400 гр засладено кондензирано млеко
– 2,5 дл слатка павлака
– 2,5 дл млеко

Карамел:

– 150 гр шеќер
– 30 гр путер
– 2 дл слатка павлака
– прстофат сол

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, па со миксер изматете ги белките. Додадете прстофат сол, а потоа и шеќер и мешајте додека смесата не се стегне. Потоа измешајте ги жолчките, додадете брашно и прашок за печиво, па сè лесно измешајте. Сипете во плех обложен со хартија за печење и печете 15 до 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
Соединете ги кондензираното млеко, слатката павлака и млекото. Колачот извадете го од тепсијата, па во неа сипете третина од подготвениот прелив. Вратете го пандишпанот во тепсијата така што долната страна да биде свртена нагоре. Отстранете ја хартијата за печење и избоцкајте го пандишпанот со вилушка, а потоа прелијте го со остатокот од преливот. Оставете десетина минути да впие, па премачкајте со карамел прелив.

Загрејте го шеќерот во тенџерето на умерен оган да се растопи и да добие беж боја. Тргнете го тенџерето од ринглата, па додадете една лажица путер и малку сол. Потоа додадете ја загреаната слатка павлака, вратете на рингла и варете уште неколку минути додека не добиете густина на сирупот за да се промешува. Колачот добро изладете го во фрижидер.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕП 2022: Французите ја испратија Србија дома

Следно

„Модерна“ работи на вакцина која ќе штити од ковид и од грип

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian