Олимписка медалистка од САД, поради „ковид-измама“ се соочува со 40 години затвор

1 min read

Американската лизгачка, олимписка медалистка Алисон Бејвер, ќе се појави на суд затоа што е обвинета за финансиска измама „тешка“ 10 милиони долари. Во обвинението стои дека Бејвер користела пари од помошта за компании во време на пандемија, помош во вид на позајмици за да им се олесни на одредени бизниси да ги платат вработените и да избегнат отпуштање.

Според федералниот обвинител, Бејвер тврдела дека има над 400 вработени кои работат во нејзината компанија „Алисон Бејвер ентертејнмент“. Таа пополнила неколку апликации и добила финансиска помош, но потоа било утврдено дека воопшто немала вработени во компанијата. Против Алисон има девет обвиненија за измама од кои осум се поради лажни изјави во банките, а една е за перење пари.

Бивер е обвинета дека со парите што ги добила на овој начин всушност ја финанисирала продукцијата на холивудскиот филм „Не е божји човек“ во кој главна улога Илајџа Вуд, познат по улогата од филмот „Господар на прстените“. Филмот почнал да се емитува минатиот август и добил позитивни критики.

Ако биде осудена по сите девет обвиненија лизгачката може да добие до 40 години затвор. Бивер на ЗОИ 2010 во Ванкувер освои бронза во дисциплината брзо лизгање 3.000 метри, штафета.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лекарска комора бара да се санкционираат тепачите на доктори

Следно

Во Грција казната е 50 евра за невакцинирани над 60 години и 100 евра за секој нареден месец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian