Депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија сериозно може да влијае и на спонзорсктие договори на српскиот тенисер, а прв кој најави разговори е ранцускиот производител на спортска опрема “Лакост“.
„Лакост“ му носи највеќе пари на Ѓоковиќ од спонзорските договор, но по случувањата во Австралија, најавена е средба со српскиот тенисер.
„Најбрзо што може ќе стапиме во контакт со Новак за да зборуваме за настаните од Австралија“, соопшти прес службата на „Лакост“.
Европските медиуми шпекулираат дека поради депортацијата од Австралија и неможноста да ја брани титулата во Мелбурн, Ѓоковиќ би можел да загуби одреден дел од парите бидејќи не е испочитувани ставки од договорите.
Спонзорите исто така се загрижени дека Ѓоковиќ доколку не се вакцинира, не би можел да настапи и на останатите гран слем турнири, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен, кои најавија дека нема да дозволат медицинско изземање од вакцинација.
Според договорот, „Лакост“ годишно му исплаќа 30 милиони долари на Новак Ѓоковиќ за да настапува во нивната опрема.