Негативни ефекти од депортацијата на Ѓоковиќ: Навивачите ги враќаат билетите за Австралија Опен

1 min read

Депортирањето на Новак Ѓоковиќ од Австралија предизвика пад на интересот кај навивачите за првиот годинешен гран слем турнир кој уринава започна во Мелбурн.

Магазинот „Њузвик“ пишува дека се зголемува бројот на луѓето кои ги враќаат билетите за Австралија Опен и бараат рефундирање на средствата.

Истражувањето на англиската компанија „Search Intelligence“ покажа дека 25 отсто повеќе луѓе на Гугл ја пребаруваат можноста за рефундирање на средствата, отколку за купување на билети за Австралија Опен. Компанијата смета дека главна причина за падот на интересот кај навивачите е токму Новак Ѓоковиќ.

– Веста за неговото приведување и судењето направија хаос во јавноста. Најдобриот тенисер на светот пристигна во Мелбурн за да ја освои рекордната 21 гран слем титула, но законите австралиските закони на турнирот му донесоа многу контроверзи. Кога на Ѓоковиќ по втор пат му беше одземена визата, тоа доведе до голема поделба во јавноста, некои го поддржаа бидјеќи можеше да дојде до историски успех, а другите беа против него поради прекршувањето на мерките против коронавирусот – изјави портпаролот на „Search Intelligence“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Францускиот печат за новата влада: Крај на политичката криза во Северна Македонија

Следно

По повикот на Вучиќ, Додик најави враќање на српските претставници во институциите на БиХ

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian