Муцунски по посета на ЈП „Лајка“: Системски ќе го решиме проблемот со кучињата скитници

2 mins read

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со в.д. директорот на јавното претпријатие „Лајка”, Воислав Димитровски, со кого разговараа за решавање на еден од најголемите проблеми на аеродромци – бездомните кучиња.

„Денеска имаме чест и задоволство да разговараме за проблемот со бездомните кучиња, кој претставува предизвик за сите жители на нашата општина од гледна точка на нивно безбедно живеење. Бездомните кучиња во одредени делови од нашата општина претставуваат сериозен безбедносен ризик за граѓаните од сите возрасни категории“, изјави градоначалникот Муцунски по посетата на ЈП „Лајка“.

Тој посочи дека Општина Аеродром бара во периодот што доаѓа во соработка со Градот Скопје и со ЈП „Лајка“ системско решение што ќе биде долгорочно и во интерес на граѓаните.

„Свесни сме дека новиот директор го стекна претпријатието во една тешка состојба, како финансиска, така и организациска и техничка, но според тоа што го видов денеска, тој е апсолутно амбициозен и има вистинска намера да ја претвори „Лајка“ повторно во сервис на граѓаните“, додаде Муцунски со уверување дека во најбрз можен рок и овој проблем на аеродромци ќе биде решен.

В.д. директорот на „Лајка”, Димитровски, рече дека му ја претставил на градоначалникот целокупната работа на прифатилиштето.

„Разговаравме за можност за понатамошна дополнителна соработка, да видиме кои точно локации во Општина Аеродром се приоритетни, а исто така разговаравме и за стратегија за решавање на проблемот со бездомните кучиња во рамки на самата општина“, изјави Димитровски. Безбедноста на аеродромцие на прво место, порачаа Муцунски и Димитровски.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Роби Вилијамс: Имав платен убиец над мојата глава

Следно

Богатството на милијардерите за време на пандемијата се зголеми повеќе отколку во изминатите 14 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian