„Модерна“ работи на вакцина која ќе штити од ковид и од грип

1 min read

Модерна“ има за цел да направи единствена „бустер“ вакцина која ќе заштити и од ковид-19 и од грип во рок од две години, рече нејзиниот главен извршен директор.

Стефан Бансел рече дека комбинираната вакцина – која ќе штити од ковид-19, грип и РСВ (вообичаен респираторен вирус) – би можела да биде достапна пред зимската инфективна сезона во 2023 година, пишува Гардијан.

„Нашата цел е да можеме да имаме една бустер вакцина за да немаме проблеми со усогласеноста каде што луѓето не сакаат да добиваат две до три дози“, рече тој на панел сесија на Светскиот економски форум во Давос. „Најдоброто сценарио би било есента 2023 година“.

Бансел претходно изјави дека на луѓето можеби ќе им треба четврта доза од вакцината оваа есен, бидејќи заштитата на бустер вакцините опаѓа во текот на следните месеци.

Тој исто така, рече дека вакцината на „Модерна“, што конкретно ја таргетира варијантата на коронавирусот омикрон, речиси завршил со развојот и во наредниот период ќе влезе во клинички развој. Американската компанија за лекови очекува да може да ги сподели податоците со регулаторните власти околу март, додаде тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Оригинален рецепт за трилече – дали знаете од каде потекнува името на овој колач?

Следно

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian