Митревски: Во едно сме најдобри, никој во светот нема навивачи како Македонија

1 min read

Никола Митревски се врати на голот на македонската репрезентација откако поради коронавирус го пропушти првиот натпревар на ЕП против Словенија, но не можеше да направи нешто повеќе против Данска која дојде до триумф од 21:31.

И покрај убедливиот пораз, македонските ракометари останаа на теренот во „Феникс“ Арената во Дебрецин поради навивачите, „фалангата“ која и на ова ЕП им беше голема поддршка.

– Пред се, голема благодарност до публиката што повторно дојде во голем број за да не бодри. Три натпревари без престан ни даваа поддршка, но ова вечерва беше навистина фантастично. Во едно сме најдобри, никој во светот нема навивачи како Македонија – рече Митревски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

Следно

Заедничко уживање: Меган Фокс сподели интимно видео од када полна ливчиња од роза како ужива со Машин Ган Кели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian