Макрон преку нови проекти ги привлекува странските инвеститори во Франција

1 min read

Француското претседателство претстави 21 нов проект за странски инвестициски во земјата со вредност над четири милијарди евра со што, според франциските медиуми, шефот на државата Емануел Макрон ќе може да продолжи со својата политика на задржување на имиџот на Франција како атрактивна инвестициска дестинација три месеци пред претседателските избори, пишува Ројтерс.

Владата ја гледа новата инвестиција како успех на својата политика за реиндустријализација, што е една од темите на предизборната кампања.

Според анкетата на институтот ИФОП објавена на 4 јануари, 82 отсто од Французите веруваат дека деиндустријализацијата е закана за францускиот идентитет. Најважен од најавените проекти е оној на американската групација Истман (Eastman), специјализирана за производство на суровини, која ќе инвестира 850 милиони евра во фабрика за рециклирање пластика. Ќе вработи 350 лица, а локацијата допрва ќе се утврдува. Извршниот директор на компанијата Марк Коста ќе биде примен во Елисејската палата од францускиот претседател, соопштија информирани извори.

Новите 21 проект ќе отворат повеќе од 10.000 работни места, според Елисејската палата.

Франција беше водечка дестинација за странски инвестиции во Европа во 2019 и 2020 година, според барометарот Ернст и Јанг (EY).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вандализам во Градскиот парк: Еве што оставија скопјани по рекреацијата овој сончев викенд!

Следно

Лекарска комора бара да се санкционираат тепачите на доктори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian