Лирман: Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат

1 min read

Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Македонија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече германската министерка за Европа, Ана Лирман на денешната заедничка прес-конференција со министерот Бојан Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатерталните прашања мора да бидат билатерално решени, незвисно од пристапниот процес со ЕУ. Додаде и дека нашата земја и Бугарија активно работат на решение на блокадата.

-Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат, истакна министерката, дополнувајќи дека без борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива.

Министерот Маричиќ претходно нагласи дека Северна Македонија е одлучна за отворените прашања со Бугарија да разговара отворено, искрено и принципиелно.

-Од големо значење за целокупниот преговарачки процес ќе бвиде и ЕУ да даде свој придонес со кој ќе покаже дека се уште е жива агендата за проширување, подвлече Маричиќ.

Тој нагласи и дека денешната посета на Лирман, на првиот ден од новоформираната Влада, е од исклучително значење, но претставува и афирмација на германската поддршка за македонската европерспектива и за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експлозија на три цистерни со нафта во Абу Даби, полицијата се сомнева во беспилотни летала

Следно

Ракеометарите по дуелот со Данска веднаш се враќаат во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian