Лекарска комора бара да се санкционираат тепачите на доктори

2 mins read

Лекарската комора најостро реагира и го осудува инцидентот во кој пациент физички нападна лекар на работното место во Општата болница во Охрид. Искажуваме поддршка за нападнатната колешка и благодараност до оние кои реагирале здраворазумно и спречиле поголем инцидент, велат од Лекарска комора на Република С. Македонија.

– Во услови на пандемија која трае веќе речиси две години лекарите секојдневно се наоѓаат под притисок да одговорат на потребите на зголемениот број пациенти, а заканите, како и физичките и вербални напади само го отежнуваат пружањето на здравствена услуга и негативно влијаат на нејзиниот квалитет. Исто така, лекар кој се чувствува небезбедено на работното место не може да биде максимално ефикасен во извршувањето на работите обврски.

Лекарите и пациенти имаат иста заедничка цел, а тоа обезбедување на квалитетна здравствена заштита, што може да се постигне преку заедничко делување и соработка.

Во услови на пандемија, кај нас како и пошироко во светот насилството врз здравствените работници стана понагласен проблем. Решение за овој предизвик веруваме дека може да се побара во побрзо носење на измените на Кривичниот законик. Имено, Лекарската комора подолго време лобираше и активно беше вклучена во измени на законската регулатива со кои нападот на здравствен работник на работното место ќе се смета за напад на службено лице за што јавното обвинителство ќе покренува кривична пријавата по службена должност и за што ќе има кривична одговорност. За ова да стапи на сила се направија измени на Законот за здравствена заштита кои се веќе донесени, како и измени на Кривичниот законик, кои се во собраниска процедура на носење. Апелираме пратениците во Собранието што побрзо да ги разгледаат и донесат овие законски измени, кои веруваме дека ќе испратат порака дека насилството не ги решава проблемите, туку само дополнително ги комплицира, поради што во случај на спор треба да се бараат системски решенија.

Лекарска комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да пружа помош и поддршка во нивното разрешување согласно нејзините надлежности, стои во нивното соопштение до јавноста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон преку нови проекти ги привлекува странските инвеститори во Франција

Следно

Олимписка медалистка од САД, поради „ковид-измама“ се соочува со 40 години затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian