Селекциите на Камерун и на Буркина Фасо со реми во третото коло од групата А го заверија пласманот во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.
Камерун одигра 1:1 со Зеленортските Острови и го обезбеди првото место во групата, додека идентичен резултат беше и на дуелот Буркина Фасо – Етиопија.
Камерун поведе во 39 минута со голот на Абубакар, а бодот за Зеленортските Острови го донесе Родригеш во 53 минута.
Буркина Фасо пак поведе преку Бајала, додека Етиопија со голот на Кебеде дојде до гол за реми.