Германија го менува законот за абортус од 1933 година

1 min read

Германското Министерство за правда денеска презентираше предлог-закон со кој ќе се укине законот од нацистичката ера, со кој на лекарите им се забранува да даваат информации за абортуси, пишува Политико.

Докторите во Германија смеат да кажат дека нудат абортус, но не смеат да дадат дополнителни информации за овие процедури. Критичарите велат дека законот им го отежнува пристапот на жените до информации за тоа кои процедури се достапни и кој ги обезбедува.

Министерот за правда Марко Бушман рече дека укинувањето на законот од 1933 година ќе им олесни на жените кои бараат повеќе информации на интернет да се консултираат со квалификувани извори.

– Лекарите исто така треба да можат да ја информираат јавноста за абортусот без ризик од кривично гонење – додаде тој.

Новата влада ги изложи своите планови за укинување на законот со коалицискиот договор потпишан во ноември. Технички, абортусот е нелегален во Германија, но тој е дозволен под одредени околности и мора да се изврши во рок од 12 недели од зачнувањето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вработен во угостителски објект нападнат од свој колега

Следно

Бугарскиот премиер Петков утре пристигнува во официјална посета на земјава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian