ФОТО | Зои Блаж искрено за проблемите со своето лице: Девојки, редовно проверувајте си го здравјето!

3 mins read

Зои Блаж, македонската инфлуенсерка отворено ја сподели својата емотивна приказна во врска со сопственото здравје, и јавно проговори за борбата со акните на лицето предизвикани од здравствен проблем.

Нашата шминкерка и пејачка Зои Блаж, без грам шминка, застана пред камерата и искрено зборуваше за нејзината 4-годишна борба и потрагата за решение за проблемот со којшто се соочува. Како што вели, кај неа проблемот се јавил преку ноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

„Буквално си легнав со чисто лице, а се разбудив со катастрофа лице. Лице коешто имаше многу акни и болка. Акни коишто беа цистични и коишто не изгледаа вака како што изгледаат денес. На почетокот и психички паднав и многу лошо се чувствував и добивав многу лоши коментари“ – вака Зои ја почна својата приказна.

Споделувајќи фотографија од себеси без грам шминка, таа ја крева свесноста кај девојките за самодовербата која зрачи одвнатре, но и дека поддршката од семејството и блиските е многу важна.

Таа на објавата на инстаграм напиша:

„Благодарение на луѓето околу мене, на моето семејство, мојот Тадеј кои секојдневно ми кажуваа колку сум убава без шминка, иако имав проблем со лицето, јас собрав храброст да го споделам својот проблем со јавноста“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

Таа вели дека по појавата на проблемот почнала да истражува многу, да оди на многу прегледи, па дури и се обидувала да си помогне со сè што некој ќе ѝ го препорачал.

„Кај мене беше проблемот тоа што јас по година и пол дознав дека имам хормонален дисбаланс, кај мене се појави проблемот со пролактин. Пролактин за некој што не знае што е, е млеко во гради, што се јавува кај мајки доилки, а јас не бев во таа состојба. Второто беше проблем со тироидната жлезда, што можеби до некаде е наследно“ – појаснува таа.

Зои својата приказна ја раскажа со цел да ја поткрене свеста кај јавноста дека нештата не треба да се земаат секогаш „здраво за готово“, како наследни или нормални, туку дека понекогаш да се направат испитувања за да се открие од каде потекнува проблемот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoi Blaz Official (@zoi.blaz)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград, но не се појави пред медиумите

Следно

Ќе се фрла крст во базенот Расадник, Кисела Вода повикува граѓаните да се пријават

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian