ФОТО | Сузана Турунџиева испрати силна порака со фотографијата со Атиџе: Светот е преполн…

1 min read

За пријателството помеѓу нашата позната водителка, писателка и пејачка Сузана Турунџиева и ѕвездата на филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, сме пишувале многупати.

Сузана во многу прилики пред и зад камерите се обидува да ѝ го олесни постоењето на хероината од „Медена земја“ во обид јавноста да не ја заборави. Тоа го прави несебично и со многу љубов, инспирирајќи и потсетувајќи ја јавноста дека за добрина не е потребна причина.

ФОТО | Сузана Турунџиева за Атиџе од „Медена земја“: „Таа е океан… Не се обидувај да ја сместиш во чаша за вода“

Сузана на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која се прегрнати со Атиџе во чиј опис испрати силна порака.

„Светот е преполн со добри луѓе… Ако не можеш да ги пронајдеш, биди еден (една) од нив“, напиша Турунџиева.

Со оваа порака Турунџиева несомнено допре до срцата на многумина. И додека некои се дрзнуваа да ја нападнат, други се воодушевуваат од пријателството на овие две дами кои навидум се сосема различни, а се толку слични.

Сузана и Атиџе патуваат заедно, уживаат во заедничките моменти, особено кога заедно создаваат нова музика.

„Иста судбина“ е името на првата заедничка песна на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова

Што прави денеска – Сузана Турунџиева, ТВ-водителка

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО| Андоновиќ: Србија изгласа промена на Уставот

Следно

Брус Спрингстин најмногу заработил во 2021 година: Заработил „вртоглава“ сума на пари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian