ФОТО | Сопругата на Боб Сагет со емотивна објава: Тој ја заслужи цела љубов на светот

2 mins read

Кели Ризо, сопругата на глумецот и комичарот Боб Сагет кој неодамна почина, му посвети емотивна објава која ги трогна срцата на сите следачи на инстаграм.

На својот инстаграм профил, Кели сподели фотографија од нив двајца и коментар дека веќе неколку дена размислувала колку времето поминато со него било најубавиот дел од животот и додаде:

„Мојот прекрасен сопруг. Колку среќа имав што бев омажена со најневеројатниот човек на светот. Последните неколку години бев дел од ова лудо патување со него. Засекогаш си ги променивме животите еден со друг, правејќи се среќни. Јас бев таа што го сака и чува. а тој го заслужи секој грам љубов“ – додаде таа, објавувајќи дека Боб во секоја прилика  ѝ  кажувал дека ја сака.

Кели додаде дека тој имал многу планови. Нејзината мисија е да сподели со светот колку неверојатен човек бил Боб, ширејќи ја пораката за љубов и насмевки, но и дeка му била важна Фондацијата за истражување склеродермија.

Се запознале на Инстаграм

Сагет ја запознал новинарката Кели во 2018 година преку Инстаграм.

„Мислам дека тој бараше добра девојка од Чикаго, па гледајќи ми го инстаграм -профилот си помисли: па ова не е само жена што прави селфија, туку и други занимливи нешта“

Сагет пред бракот со Кели, беше во бракот со Шери Крамер, со која има три ќерки.
Боб Сагет почина на 9 јануари, откако неговото тело беше пронајдено безживотно во хотелска соба.

Почина комичарот Боб Сагет: Актерот пронајден мртов во хотелска соба

Откриени детали околу смртта на Боб Сагет: Пронајден со левата рака на градите и куферите пред врата

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австралискиот премиер не ја затвора вратата за Ѓоковиќ: Постои можност Новак да се врати

Следно

Три лица, во одделни случаи, уапсени за марихуана во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian