ФОТО | Брзи коцки со лешници и чоколада

1 min read

Ако сакате да си направите брзо, вкусно и едноставно слатко, овој рецепт е токму за вас. Комплетна симфонија од вкусови, а не треба печење и нема многу „плеткање“ во кујната. Еве што ви треба за овој колач.

Состојки:

  • 100 мл млеко
  • 125 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр мелени плазма бисквити
  • 150 гр мелени лешници
  • 1 рендана кора од портокал
  • 200 гр чоколадо (бело или црно, по желба)

Подготовка:

Млекото, путерот и шеќерот ги ставате во сад на оган. Мешајте додека да зоврие. Откако ќе зоврие го тргнувате на страна. Во него ги додавате мелените бисквити и мелените лешници. Мешајте додека смесата не се соедини и додајте ја ренданата кора од портокал. Од смесата расукајте кора во вид на правоаголник со дебелина од 2 см. Врз кората обилно истурете растопено чоколадо. Кога целосно ќе се олади, сечете коцки. По желба, можете и да ги украсите со прехранбени бои или шарени топчиња.

Уживајте.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на Антикорупциската комисија на Бугарија поднесе оставка

Следно

Арсовска се сретна со Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian