Ериксен се враќа во Премиер лигата?

1 min read

Кристијан Ериксен се наоѓа во преговори со англискиот премиерлигаш Брентфорд, пренесува „Атлетик“.

Откако пред неколку дена се појави информација дека англиски тим е заинтересиран за поранешниот фудбалер на Ајакс, Тотенхем и Интер, денеска се дозна дека тоа е Брентфорд кој на Ериксен му нуди договор со крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен.

Кристијан Ериксен нема играно фудбал уште од минатото лето кога доживеа срцев удар на првиот натпревар на Данска за Европското првенство, а подоцна беше откриено дека неговото срце одреден период запрело да чука.

Лекарите во последен момент му го спасија животот на Ериксен, а подоцна му беше вграден дефибрилатор кој ја регулира работата на срцето.

Откако не доби дозвола од лекарската комисија на Италијанскиот олимписки комитет, Интер го раскина договорот со Ериксен кој продолжи со индвидуалните тренинзи со надеж дека ќе најде нов клуб.
Во Италија не е возможно да се игра со дефибрилатор, додека во земји како Холандија и Англија тоа е дозволено, но фудбалерот би бил под постојан и строг надзор на лекарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковачевски открива: Со Петков ќе разговараме за иднината и за проекти што значат подобар живот за граѓаните на двете држави

Следно

Во Грција казната е 50 евра за невакцинирани над 60 години и 100 евра за секој нареден месец.

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian