ЕП 2022: Французите ја испратија Србија дома

1 min read

Селекцијата на Србија го заврши настапот на Европското првенство откако загуби со 29:25 од Франција. Французите со триумфот го заверија првото место во групата Ц, додека вториот патник во главната рунда е Хрватска која  беше подобра од Србија во меѓусебната пресметка.

Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме кое Французите го добија со 16:7 и вториот дел го одработи рутински.
Кентан Мае постигна шест гола, Дика Мем даде пет, додека кај Србија се истакна Богдан Радивојевиќ со седум постигнати голови.

Светскиот вицешампион Шведска игра слабо на ЕП, а доказ за тоа е ремито против Чешка (27:27). Чесите со голот на Томаш Бабак во последните моменти од натпреварот и донесе реми на Чешка, но пласман во следната рунда обезбеди Шведска.

Резултати:
Група А
Црна Гора – Словенија 33:32
Македонија – Данска 21:31
Табела: Данска 6, Црна Гора 4, Словенија 2, Македонија 0.

Група Ц
Украина – Хрватска 25:38
Франција – Србија 29:25
Табела: Франција 6, Хрватска 4, Србија 2, Украина 0.

Група Е
БиХ – Шпанија 24:28
Чешка – Шведска 27:27
Табела: Шведска 6, Шведска 3, Чешка 3, БиХ 0.

Група Ф
Словачка – Русија 27:36
Литванија – Норвешка29:35
Табела: Русија 6, Норвешка 4, Словачка 2, Литванија 0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Важно е Бугарите во С Македонија да бидат рамноправни со другите народи

Следно

Оригинален рецепт за трилече – дали знаете од каде потекнува името на овој колач?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian