Ќе се фрла крст во базенот Расадник, Кисела Вода повикува граѓаните да се пријават

1 min read

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите граѓани што се заинтересирани за учество во одбележување на празникот „Богојавление – Водици“. Од оваа година, се возобновува традицијата за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици.

Настанот ќе се одржи во базенот „Расадник”, во среда, на 19 јануари 2022 година. На фрлањето на крстот, закажано за 12 часот, ќе му претходи божествена литургија. За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од градоначалникот на општина Кисела Вода, во износ од 12.000,00 денари, како и бела техника-апарати за домаќинството, обезбедени од донатори-спонзори.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до утре, вторник 18.01.2022, до 18 часот, на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Зои Блаж искрено за проблемите со своето лице: Девојки, редовно проверувајте си го здравјето!

Следно

Аргентина, Австралија и Канада повторно со рестрикции за влез во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian