Вучиќ: Одлуката за Ѓоковиќ е политичка и лов на вештерки

3 mins read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека одлуката за укинување на визата за тенисерот Новак Ѓоковиќ е политичка и лов на вештерки и дека на тој начин австралиската влада е понижена, пренесе Н1.

Тричлениот совет на Федералниот суд денеска едногласно ја отфрли жалбата на Ѓоковиќ за укинување на визата, па тој ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата на „Австралија опен“ во Мелбурн.

„Тие мислат дека со таа одлука го понижиле Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија, а Ѓоковиќ може да се врати во својата земја со крената глава и да ги гледа сите во очи“, изјави Вучиќ за новинарите по гласањето на референдумот, додавајќи дека накратко се слушнал со Ѓоковиќ по одлуката на судот.

Вучиќ вели дека првиот тенисер во светот направил се што требало за да учествува на „Австралија Опен“.

„Го малтретирате 10-11 дена за да му го предадете решението што сте знаеле дека ќе му го дадете првиот ден. Да речете – не е вакциниран и нема право да влезе во државата, немаше да дојде и немаше да се вакцинира. Вака ја оставивте можноста за медицинско ослободување. Соодветно на тоа, тој дојде и направи се што треба да направи, а потоа имаше малтретирање од невидени размери, медиумски линч и лов на вештерки затоа што веројатно сакаа да му покажат на Новак Ѓоковиќ како функционира светскиот лов на вештерки и како можат да го направат тоа некому“, изјави Вучиќ.

Тој оцени и дека целиот процес е бесмислен и дека се гледа дека обвинителот лаже за бројот на вакцинирани во Србија.

„Велат дека во Србија има помалку од 50 отсто вакцинирани граѓани. Немојте да лажете, затоа што 58 проценти се официјално вакцинирани, што е повеќе отколку во многу земји на ЕУ, особено во нашето опкружување. Тоа беше бесмислен аргумент, но тоа е можно во драмите на Орвел“, додаде Вучиќ.

Тој рече дека Србија ќе ги пречека австралиските спортисти на поинаков начин на Светското првенство во атлетика во сала.

„Поради изборите нема да се изживуваме врз нив и да покажуваме сила. Ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Благодарност до австралискиот народ, за кој сум целосно сигурен дека го сака српскиот народ исто колку што ние го почитуваме“, рече Вучиќ.

Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Алиоски асистираше за триумф на Ал Ахли

Следно

Тенисерскиот ас Крис Еверт со шокантна изјава: Првенката ја објави својата дијагноза на рак на јајници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian