ВИДЕО: Спектакл без голови, Аталанта ја прекина серијата на Интер

1 min read

Фудбалерите на Аталанта ремизираа на домашен терен против Интер (0:0) во дербито на 22. коло во најсилното италијанско првенство. Натпреварот беше навистина интересен, со многу шанси на двете страни, но без никаква реализација.

Интер беше подобар ривал во првото полувреме, кога најдобрата можност за погодок во 16 минута ја имаше Џеко. Во вториот дел нешто поконкретна беше Аталанта, на спротивната страна одличен беше голманот Хандановиќ.

Клубот од Бергамо ја прекина серијата на миланските „нераѕури“ од осум победи во низа во Серија А.

Интер и натаму води на табелата со 50 бодови, но сега само два повеќе од второпласираниот Милан. На третата позиција е Наполи на Елиф Елмас со 43 бодови, додека Аталанта е четвртопласирана (42) со еден бод повеќе од Јувентус.

Екипата на Рома претходно успеа да триумфира пред своите навивачи на стадионот „Олимпико“ во Рим против Каљари (1:0).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Омо Илинден Пирин: Македонско малцинство во Бугарија има и ќе има

Следно

Минчев во карантин не е раат: Не се обидував да ја спречам посетата на Петков на Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian