ВИДЕО: Ливерпул убедливо на својот „Енфилд“, Лидс го слави Харисон

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул денеска на домашен терен го совладаа Брентфорд со 3:0 во рамките од 22 коло во Премиер лигата.

Непосредно пред паузата „црвените“ на својот Енфилд дојдоа во водсгво со голот на Фабињо кој го искористи центаршутот на Трент Александер-Арнолд и со глава го совлада голманот Алваро Фернандес.

Со глава во 69 минута беше прецизен и Алекс Окслејд-Чемберлен, после центаршутот на Ендрју Робертсон. Конечниот резултат после големата грешка во гостинската одбрана го постави Такуми Минамино во 77 минута.

Составот на Јирген Клоп е второпласиран на табелата со 45 бодови, 11 помалку од водечкиот Манчестер сити кој има меч повеќе, додека Брентфорд се наоѓа на 14 место со 23 бодови.

Лидс на гостински терен успеа да го изненади Вест Хем (2:3), херој во екипата на Марсело Биелса беше Херисон кој реализираше хет-трик со голови во 10., 37. и 60 минута. Домаќините реализираа во 34. преку Бовен и Форналс во 52. минута на средбата во Лондон. „Чеканите“ се на четвртото место на табелата со 37 бодови, додека Лидс е на 15 позиција со 22 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ковид пресек: Нови 1.348 случаи, 145 реинфекции – 8 починати лица

Следно

Хрватска се подготвува за еврото: Цените од ова лето ќе се истакнуваат и во куни и во евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian