ВИДЕО: И Цеца го даде својот глас на референдумот – си ја исполни својата граѓанска должност

1 min read

На своето гласачко место на Дедиње гласот на референдумот кој денеска се одржува во Србија го даде и популарната турбо фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Цеца си ја исполни својата граѓанска должност, а веднаш по неа тоа го стори и нејзината ќерка и колешка по фолкот Анастасија.

Српските медиуми го коментираат стајлингот на Цеца која на гласање се појави во тесно, кремасто фустанче, јакна и капа на главата.

Избирачките места низ Србија беа отворени до 20 часот. Српските граѓани денеска на референдум се изјаснуваа дали се за потврдување на Актот за промена на Уставот во областа на правосудството. До 18 часот на гласање излегоа 25,25 отсто од запишаните гласачи, соопшти Републичката изборна комисија.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тагува ривалот кој требаше да игра против Ѓоковиќ на „Австралија опен“

Следно

Почина Нино Черути на 91-годишна возраст, модниот дизајнер заслужен за успехот на Армани и лежерниот шик во машката мода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian