ВИДЕО: Германија и Полска во главната фаза на Европското првенство

1 min read

После одигрувањето на натпреварите денеска на Европското првенство јасно е дека Германците и Полјаците и официјално се промовираа како учесници во следната фаза, а се очекува да биде неизвесно во последниот меч од групата „Б“ каде што Унгарците ќе мора да одат на триумф против Исланд.

Репрезентациите на Германија и Полска обезбедија пласман во вториот круг на ЕП кое се одржува во Унгарија и Словачка откако славеа и во второто коло во групата „Д“.

Германија ја совлада Австрија (34:29), додека Полјаците предводени од Крајевски со седум голови славеа против Белорусија во чии редови се истакна Ваилупау со пет. После две кола Германија и Полска водат со по четири бодови, а за два дена во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе биде победник во групата и кој ќе пренесе бодови во вториот круг.

На чекор до пласман во следната фаза е Исланд кој во второто коло од групата „Б“ минимално со 29:28 славеше над Холандија. „Лалињата“ изненадија на стартот со триумфот над Унгарија (31:28), а сега беа блиску до нова сензација. Гудјонсон беше прв стрелец кај Исланѓаните со осум голови, Палмарсон се истакна со шест, а на спротивната страна Смитс запиша 13 голови.

Во вториот меч од оваа група Унгарците во самиот финиш славеа против Португалија (31:30) со голот на Мате. На табелата со четири бода води Исланд, по два имаат Холандија и Унгарија, а Португалците се последни без бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Биографии на членовите на новата Влада

Следно

Поранешниот претседател Порошенко најави враќање во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian