Улога осудена на успех: Марија Шерифовиќ ќе се обиде во актерските води глумејќи се себеси како победничка на Евровизија

1 min read

Српската пејачка Марија Шерифовиќ го проширува својот професионален дијапазон, па по значајниот успех во музичките води се офлучи да се испроба и како актерка.

Марија ѝ откри дека добила мала улога во нова хумористична серија, чие дејствие е сместено во Белград. Но, се чини дека нема да се работи за улога која ќе ѝ биде тешко да ја долови, бидејќи Шерифовиќ всушност ќе се глуми самата себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Пејачката споделила видео на социјалните мрежи во кое се пофали дека ќе биде дел од ова остварување, споделувајќи кадар од дел од снимањето, но и дел зад камерите забавувајќи се со Андрија Милошевиќ.

„Имам улога во една серија“, вели пејачката во видеото.

Според информациите до кои дошле тамошните медиуми, Марија ќе се игра себеси како единствена српска победничка на Евровизија, а сцената во кој учестува е всушност интервју со водителката Уна, кој ќе биде одиграна од Анѓелка Прпиќ.

Во серијата играат и Бранка Пујиќ, Аница Добра, Тихомир Станиќ, Андрија Кузмановиќ и многу други.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силен земјотрес од 5,4 степени ја погоди Грција

Следно

Непишано правило: Кога треба да ја соберете новогодишната елка?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian