Украина тврди дека има докази за вмешаноста на Русија во кибер нападите од пред три дена

1 min read

Украинските власти денеска објавија дека имаат докази за вмешаноста на Русија во големиот кибер напад што ги погоди сајтовите на владата на оваа земја пред три дена.

„Досега сите докази укажуваат дека Русија стои зад кибер нападот”, соопшти украинското Министерство за дигитална трансформација.

Саботажата е „манифестација на хибридната војна што Русија ја води против Украина од 2014 година”, соопшти министерството.

Целта на нападот не е само да се заплаши украинското општество, туку и да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се намали довербата на Украинците во владата, наведува истиот извор.

Кибер нападот беше извршен ноќта меѓу четвртокот и петокот и ги погоди локациите на неколку украински министерства, што беа недостапни неколку часа.

Москва ги негираше кибер нападите врз Украина.

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сестрата на Бритни Спирс јавно проговори за „инцидентот со ножот“

Следно

Расте бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот ковид-центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian