Тагува ривалот кој требаше да игра против Ѓоковиќ на „Австралија опен“

2 mins read

Според жрепката српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ требаше да игра против Новак Ѓоковиќ во првото коло на грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн кој официјално ќе стартува во понеделник.

Наместо борба за 21. историски грен слем трофеј, најдобриот тенисер на светот Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Доколку не се случеше тоа, на стартот од натпреварувањето во Мелбурн првиот светски рекет ќе играше против Кецмановиќ на „Род Лејвер Арената“.

Замената за Ѓоковиќ ќе биде Италијанецот Салваторе Карузо кој доаѓа како „среќен губитник“ (лакилузер).

– Горчливото апче е испиено, а турнирот не ни започнал! Не можам ни да замислам како се чувствува Новак, низ што помина во последните 10 дена. Многу се радував што ќе ја имам честа да го отворам овогодинешниот турнир со првиот играч во светот на централниот терен на Род Лејвер Арена. За жал, она за што размислував последните седум дена од моментот кога беше направена жрепката сега нема смисла.

Нашита мала српска екипа овде во Мелбурн е огорчена и разочарана и мислам дека сега треба дополнително да се потрудиме и на некој начин со нашите игри да му се „реваншираме“ на нашиот најдобар претставник, кој не може да биде тука.

Верувам дека ќе освојуваш уште повеќе грен слемови и дека тоа нема да те спречи да оствариш историски успех. Сите сме со тебе – напиша Кецмановиќ на својот „Инстаграм“ профил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Даути: Каква иронија, ДУИ вторпат ќе гласа за премиер кој не е Албанец

Следно

ВИДЕО: И Цеца го даде својот глас на референдумот – си ја исполни својата граѓанска должност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian